Ова е најдобриот сос за шпагети: Се приготвува за 5 минути, а сите го обожаваат

Кремасто

Во светот овој сос е познат како алфредо-сос за тестенини, а еве како се приготвува

Кремастиот сос Алфредо е кулинарски сон. Настанал во Рим во 1920 година, а го создал Алфредо ди Лелио. До денес ова е омилениот сос што се додава во многу јадења. Се служи со паста, варен зеленчук, месо на скара.

Еве како се прави сосот Алфредо…

Состојки:
  • 2 лажици путер
  • 2 чешниња лук (мелен)
  • 1 шолја неутрална павлака за готвење
  • сол
  • бибер
  • 1/2 шолја свежо рендан пармезан
Приготвување:

Стопете путер, па во него додајте го мелениот лук. Пропржете малку, па додајте павлака. Додајте сол и бибер, а потоа и пармезан. Промешајте и прелејте го врз пастата.

Изрендајте уште малку пармезан врз шпагетите и уживајте!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.