Кога станува збор за колекциите на Марија Грација Кјури, пред сѐ расправаме не само за облеката, туку за историјата во целина.
Од првата ревија на новата позиција, дизајнерка – првата жена на чело на оваа француска модна куќа, која своевремено ја постави сцената за целосниот стил на една нова, уште поженствена женственост – се упати кон феминизмот. И тоа го стори буквално: со пароли на маици. И, патем, се ослободи од фустаните и корсетите, кои ги замени со здолништа, јакни и револуционерни беретки.
Преку колекцијата, Марија Грација Кјури ги запозна гледачите со хероините на движењето на феминизмот, користејќи ги нивните цитати.
Овој пат беа и паролите. И не една, како обично, туку десетици – светлечки букви висеа над ревијата. „Согласност”. „Патријахатот ја убива љубовта”. „Женската убавина е спремна”. „Женската љубов е неплатена работа”.
Секако, многу обожаватели на Диор на Инстаграм не го одобрија ова – се жалеа на „опсесивниот феминизам” на дизајнерката и бараа повторно да биде Диор – Диор. Меѓутоа, работите во француската модна куќа се одвиваат под водство на Кјури. И фактот дека јавноста, преку колекцијата на Марија Грација, е запознаена со феминистичките хероини е важна точка.
Погледнете ја новата колекција на Диор!