Говорот на телото открива повеќе од зборовите

Обрнете внимание

Сигнали кои луѓето ги испраќаат со држењето на своето тело често кажуваат повеќе отколку самите зборови. Како да бидете сигурни што мисли личноста преку говорот на нејзиното тело.

Обратете внимание дали е близу или оддалечен од вас

Што поблиску е некој до вас, толку подобро мислење има за вас. Ако личноста е физички оддалечена од вас, таа помалку е загрижена за ситуацијата и личноста со која комуницира. Проверете, дали ако вие се приближите, личноста ќе се оддалечи од вас? Ако се оддалечи од вас, тоа значи дека не сака поблизок однос од оној кој веќе го имате. Ако не се оддалечи, тогаш нема ништо против. А, ако одговори така што и таа вам ви се приближи, значи навистина ѝ се допаѓате, или ѝ е навистина пријатно во вашето присуство.

Запомнете дека личниот простор се разликува од култура до култура, она што во една земја се смета за блиско, во друга се смета за далечно.

 

Проверете во каква положба е главата

Спуштена глава:

Премногу навалена глава е знам за можна наклонетост, или, ако личноста се смее додека ја навалува главата, значи си игра, или флертува.

Спуштената глава кажува дека постои причина поради која некој се крие. Ако ја навалува главата кога добива комплимент, можеби се срами. Во некои култури ова се смета како знак на почит.

Подигната глава:

Подигнатата глава значи дека личноста е збунета или ве предизвикува. Како ќе го протолкувате тоа зависи од движењето на очите, веѓите и усните.

 

 

Проверете дали личноста ве гледа во очи

Личностите кои често гледаат на страна лажат или не се сконцентрирани. Ако личноста го тргне погледот од соговорникот, тоа може да биде знак дека ѝ е удобно или укажува на подредена улога. Некои култури веруваат дека ако не ја гледате личноста во очи, значи не ја почитувате.

 

 

Дали личноста ве имитира

Кога некој го имитира вашиот изглед тоа е знак дека го интересирате и се обидува да воспостави близок однос со вас. Повремено променете ја положбата на телото, бидејќи ако личноста со која разговарате го направи истото, таа ве имитира.

Внимавајте на положбата на рацете на соговорникот

Луѓето со прекрстени раце над градите не се расположени за социјални интеракции. Поединци ги прекрстуваат рацете од навика, но може да биде и навестување дека личноста е воздржана. Ако рацете им се прекрстени, а стапалата поставени во ширина на рамениците – ова е позиција што дава сила и авторитет. Ако некој ги потпира рацете зад главата или вратот, отворен е за дискусија или едноставно е опуштен. Кога рацете им се на колковите – тие очекуваат нешто.

 

Говорот на телото и подигнатите веѓи

Кога некој поминува со прстите низ косата тоа значи дека му се допаѓате. Исто така, тоа може да го прави кога не се согласува со вашето мислење, но не сака да ви го каже тоа. Ако истовремено и ги подига веѓите, бидете сигурни дека не се согласува со вас.

 

Движење на нозете

Постојаното удирање и движење на нозете и поместување на стапалата значи дека личноста е нервозна, исплашена, нетрпелива или возбудена. Кога како случајно, а всушност намерно, некој ги допира вашите стапала, таа личност флертува со вас.

Обрнете внимание… Говорот на телото ќе ви го каже она што личноста не сака да го сподели.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.