Криси Тиген откри дека нејзините деца се близнаци, но родени се во растојание од две години
Делеле ист петриев сад
Манекенката Криси Тиген (34) е мајка на две деца – Луна (3,5) и Мајлс (1,5), кои ги доби во бракот со пејачот Џон Леџент со помош на вештачко оплодување. Иако се родени во растојание од две години, децата се сметаат за близнаци бидејќи се создадени за време на ист процес на вештачко оплодување.
Всушност, Мајл е направен во исто време со Луна. Делеле ист петриев сад. Лудо е!“ – изјавила таа за магазинот „Пипл“, и додала дека има замрзнати ембриони за да имаат уште деца во иднина.