Колку вреди едно „Те сакам”?

Кажи „Те сакам” во „Божиновски часовници и накит” и добиј попуст

Нова промотивна акција на „Божиновски часовници и накит” во месецот на вљубените. Секој клиент кој во некој од продажните салони ќе каже „Те сакам” ќе добие попуст по проценка на продажниот персонал.

„Преку ваквиот потег сакавме да дадеме малку поинаква димензија на поимот љубов и да ја зачинеме со малку храброст која сме сигурни дека ја поседуваат нашите клиенти. Споделувањето на љубов треба да ни биде секојдневна рутина, а поимот љубов да го врзуваме со сите необични моменти, а не само со датуми како што е Валентајн”, изјавија од Божиновски часовници и накит.

Од компанијата уште нагласуваат дека необичната размена на љубов ќе трае во текот на целиот месец и истата е дел од кампањата „Победи го времето, Живеј го моментот”.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.