Ако барате необичен рецепт за вечера или појадок, уживајте во овој вкусен предлог
Состојки:
- 500 г компири
- 1 жолчка
- 150 г брашно
- малку сол
- 3 лажици сирење
- малку кајмак за прелив
- презла
- масло
Приготвување:
Сварете компир во лушпа, а потоа излупете го. Веднаш изгмечете го и додајте сол, жолчка, сирење и брашно и замесете меко тесто, исечете го на парчиња и завиткајте ги во мали ролнички.
Варете ги во солена вода додека испливаат и бидат меки на допир. Во тенџере сипете масло, додајте презла и сусам и пропржете, па извалајте ги шуфнудлите во тоа. Прелејте ги со кајмак или изматена кисела павлака.