Шуфнудли: Јадење што сите го обожаваат и со задоволство го приготвуваат!

Вкусно!

Ако барате необичен рецепт за вечера или појадок, уживајте во овој вкусен предлог

Состојки:
  • 500 г компири
  • 1 жолчка
  • 150 г брашно
  • малку сол
  • 3 лажици сирење
  • малку кајмак за прелив
  • презла
  • масло
Приготвување:

Сварете компир во лушпа, а потоа излупете го. Веднаш изгмечете го и додајте сол, жолчка, сирење и брашно и замесете меко тесто, исечете го на парчиња и завиткајте ги во мали ролнички.

Варете ги во солена вода додека испливаат и бидат меки на допир. Во тенџере сипете масло, додајте презла и сусам и пропржете, па извалајте ги шуфнудлите во тоа. Прелејте ги со кајмак или изматена кисела павлака.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.