Највкусните сарми од блитва со зеленчук

Најдобриот рецепт

Сармите од блитва најдобро е да ги послужите додека се топли

Состојки:
  • 2 главици црвен кромид
  • 4 чешниња лук
  • 200 г ориз
  • 180 г мелени ореви
  • 1 лажица пипер
  • 20 листа блитва
  • 2 лажици екстра бело брашно
  • 1,5 л супа од зеленчук
  • 1 лажица сечкан копар
  • црн пипер
  • сол
  • масло

Приготвување:

1. Црвениот кромид се чисти и се сече на коцки, лукот се пасира.

2. На малку масло се пржат црвениот кромид и лукот, а потоа се додава оризот и се пржи, со непрекинато мешање, неколку минути.

3. Потоа се динста на умерена температура, со долевање по малку супа од зеленчук, додека набабри оризот.

4. Се додаваат мелените ореви и пиперот и се зачинува по желба.

5. Листовите од блитвата се мијат, им се сечат дршките и задеблувањата по средината. Се прелеваат со зовриена вода и се оставаат да омекнат.

6. Посебно во тенџере на малку масло се пржи екстра белото брашно. Се додава копарот и кратко се пржи. Постепено се сипува супата од зеленчук, непрекинато мешајќи со црпалка, додека се добие посакуваната густина.

7. Листовите блитва добро се цедат, на секој се нанесува малку од филот од ореви и ориз, па се обликуваат сарми.

8. Во огноотпорен сад се сипува малку од сосот од копар, преку него се редат сармите и се прелеваат со остатокот од сосот. Се ставаат во загреана рерна на 200°Ц, да се потпечат.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.