Едноставен колач, а толку вкусен
Состојки:
- 3 јајца
- 200 г брашно
- 100 г мак
- 360 мл јогурт
- 100 мл масло
- 100 г суво грозје
- 3 лажици џем
- 150 г шеќер
- малку цимет
- 1 прашок за печиво
Приготвување:
Изматете ги јајцата со шеќерот, додајте брашно со прашок за печиво, малку цимет, суво грозје, јогурт, масло, мак, суво грозје и сето тоа добро измешајте го.
Сипете ја смесата во подмачкан плех и намачкајте го тестото со џем. Печете на 200 степени 40 минути. Озгора може да го прелиете со стопено чоколадо или шеќер во прав.