Џеј Ло, која се смета за модна икона на денешницата, прикажа совршен стајлинг на улиците на Хјустон во црно-бел фустан на Валентино, кој го комбинираше со чанта со ист дезен и чизми со високи потпетици.

50-годишната пејачка го придружуваше својот вереник во Хјустон, Тексас, каде беше најавено неговото ново партнерство со компанијата за производство на пиво „Presidente“.

За настанот кој се одржа во конгресниот центар „Џорџ Р. Браун“, Џеј Ло избра црно-бел стајлинг.

Креацијата и чантичката со впечатлив принт се со потпис на Валентино.

Фустанот чини дури 4.000 евра, а со ова неверојатно стилско издание, собра само позитивни коментари на социјалните мрежи.

https://www.instagram.com/p/B7q1SOdHGiT/