Трите најомилени пријателки повторно заедно: Моника, Рејчел и Фиби по 15 години (ФОТО)

Прекрасна глетка за љубителите на популарната ТВ-серија „Пријатели“

Доцна во неделата навечер – наместо да присуствува на доделувањето на престижните Critics’ Choice Awards 2020, Џенифер Анистон излезе на вечера со своите колешки Кортни Кокс и Лиза Кудроу.

Поздрав од девојките од другата страна на салата“, напиша славната Рејчел во описот на фотографиите што ги објави на својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

Hi from the girls across the hall 👋🏼

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) on

Разбирливо, фотографиите од оваа „фантастична тројка“, која десет сезони ја гледавме на ТВ-екраните во популарната серија „Пријатели, која, пак, и по 15 години од емитувањето на последната епизода се’ уште ги засмејува сите што првпат, но и повторно ја гледаат, „заработи“ куп комплименти, коментари и повеќе од 9 милиони лајкови.

Ве сакам сите!!!”, коментираше Рита Вилсон, Исла Фишер, пак, напиша: „Сестри“, додека Џулиет Луис искоментира: „Јас многу ги сакам овие слики!“

Фото: Инстаграм, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.