Кога си му девојка на славниот Кристијано Роналдо, за минута „инкасираш“ два милиона долари (ВИДЕО)
На Георгина Родригез дефинитивно „ѝ падна секирата во мед“
Дваесет и петгодишната аргетинска продавачка на облека Георгина Родригез дефинитивно го живее животот од соништата на многу вљубеници во популарниот фудбалер Кристијано Роналдо.
View this post on Instagram
About last night ✨ Feliz 2020!!!! Mucha salud y mucho amor para todos ❤️✨
Она што не им успеа на многу убавици, нејзините претходнички, меѓу кои и на манекенката Ирина Шајк, и’ успеа на „скромната“ Георгина – да го „врзе и скроти“ еден од најпосакуваните мажи на светот.
Откако на свет ја донесе нивната заедничка ќеркичка, „ситната“ Аргетинка го дотера телото и стана активна на социјалните мрежи. Благодарение на славата на својот партнер, успеа да стекне голем број следбеници и да се најде во центарот на медиумското внимание.
Па така, некогаш скромната бринета, сега гордо позира покрај славниот фудбалер, покажувајќи ги своите сексапилни облини, благодарение на кои стана моделка и рекламира долна и спортска облека на Инстаграм.
Сепак еден понов ангажман ја направи побогата за 2 милиони долари, пренесуваат светските медиуми.
Имено, Георгина на својот инстаграм-профил објави две видеа на кои рекламира избелувач на забите и набрзо „инкасира“ 2 милиони долари.
Фото: Инстаграм