Трите најомилени пријателки повторно заедно: Моника, Рејчел и Фиби по 15 години (ФОТО)
Прекрасна глетка за љубителите на популарната ТВ-серија „Пријатели“
Доцна во неделата навечер – наместо да присуствува на доделувањето на престижните Critics’ Choice Awards 2020, Џенифер Анистон излезе на вечера со своите колешки Кортни Кокс и Лиза Кудроу.
Поздрав од девојките од другата страна на салата“, напиша славната Рејчел во описот на фотографиите што ги објави на својот инстаграм-профил.
Разбирливо, фотографиите од оваа „фантастична тројка“, која десет сезони ја гледавме на ТВ-екраните во популарната серија „Пријатели, која, пак, и по 15 години од емитувањето на последната епизода се’ уште ги засмејува сите што првпат, но и повторно ја гледаат, „заработи“ куп комплименти, коментари и повеќе од 9 милиони лајкови.
Ве сакам сите!!!”, коментираше Рита Вилсон, Исла Фишер, пак, напиша: „Сестри“, додека Џулиет Луис искоментира: „Јас многу ги сакам овие слики!“
Фото: Инстаграм, Getty Images