Згоден татко за пример: Бредли Купер на прошетка во Њујорк со двегодишната ќеркичка

Уживаат заедно!

Бред Пит ќе му биде вечно благодарен

Откако колегата Бред Пит јавно му се заблагодарил за помошта при одвикнувањето од алкохол, холивудскиот актер и режисер Бредли Купер бил за бележан на улиците во Њујорк, на прошетка со својата ќеркичка, двегодишната Леа.

Минатата година славниот холивудски актер Бредли Купер ја прекинал четиригодишната врска со руската манекенка Ирина Шајк, а секој слободен момент се обидува да го помине со ќеркичката Леа, со која овој викенд уживал на прошетка по својот тренинг по бокс.

Манекенката и Бредли по прекинувањето на врската по устен пат постигнале договор за правната и физичка грижа над двегодишната ќерка, која планираат заеднички да ја воспитуваат во Њујорк.

Договор меѓу поранешните партнер бил постигнат во пријателски однос, па 44-годишниот Купер и 33-годишната Шајк наводно немаат никаков писмен договор.

Неговото појавување во јавноста следело откако колегата Бред Пит на неодамнешното доделување награди National Board of Review јавно му се заблагодарил за дадената помош при одвикнувањето од алкохол.

https://www.instagram.com/p/B7PuTNljE-V/

„Ти благодарам Бредли. Бредли само што ја заспа својата ќеркичка и побрза да стигне на овој настан. Морам да нагласам дека денес сум трезен само благодарение на него. Оттогаш секој ден сум се’ посреќен. Тој е вистински пријател и душа од човек. Те сакам и фала ти уште еднаш“, му се обратил Бред Пит со својот емотивен говор.

Купер и Пит се познаваат уште претходно, а на некои проекти работеле и заедно. Бредли и самиот има признаено дека имал проблеми со пороци, кога во младоста тргнал по лош пат и експериментирал со опијати.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.