Со години го негувала истиот стил
Кендал Џенер може да промени се’ на себе, но дозата сексапил што ја поседува ќе остане иста. Сепак, препознатливата црнка се одлучила за посветла нијанса на коса и сега изгледа подобро од кога било претходно.
Имено, иако се фотографира во разни изданија и фризури, во основа ја нема сменето темната коса веќе со години.
За разлика од своите полусестри кои се склони на чести промени на бојата и должината на косата, Кендал само понекогаш се пробувала како русокоса и тоа секогаш со помош на перика, а сега изгледа дека се одлучила за малку потрајна промена.
https://www.instagram.com/p/B6JqGyUjqVL/?utm_source=ig_embed
Својот нов изглед го претставила во видео на Инстаграм на кое промената е јасно видлива, иако во описот не ја споменала фризурата.