Кобна заблуда поради која секој втор брак се распаѓа: Во ова веруваат 99% од паровите!

Внимавајте

Експертите за врски објаснуваат зошто чекањето сродна душа е голема грешка

Експертите тврдат дека советот што гласи секој ден да се трудите да го направите мажот среќен е најлошиот можен совет на светот.

Наместо тоа, треба да се фокусирате на тоа вие да бидете комплетна, среќна и здрава личност, без разлика дали сте во врска или не.

„Идејата дека мора да ги задоволувате потребите на другиот и дека тоа ќе ве направи среќни е најголема глупост“, тврди семејниот психолог Хол Ранкел.

Тој го објаснил тоа преку примерот од својата сопруга.

„Јас сум комплетна личност. Но немам доволно сила за се’. Мојата сопруга исто така е комплетна личност. Таму каде што јас немам сила, има таа и обратно. Така совршено се надополнуваме“, објаснил Ранкел.

Наместо да си требате еден на друг, тој советува да сакате.

Една од најголемите опасности во наоѓањето идеален партнер е верувањето дека нашата сродна душа постои таму некаде и дека судбината сигурно ќе не’ спои. Таквото размислување не подразбира никаква акција од наша страна, туку на крајот се сведува на чекањето љубовта сама да ни дојде. Тоа обично не се случува.

Пред да ве засака некој, мора да се засакате себеси. За да бидете подготвени за здрава врска, многу е важно прво да работите на личниот развој.

„Вашиот маж или жена никогаш нема да можат да ве почитуваат повеќе одошто вие можете да се почитувате себеси“, заклучил Ранкел.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.