Шарлиз Терон проговорила за најужасниот настан кога мајка и’ го убила татко и’: „Не се срамам да зборувам за тоа!“

Го убила во самоодбрана

Убавата јужноафриканска актерка го опишала трагичниот настан што и’ се случил кога била девојче

Оскаровката Шарлиз Терон (44) имала само 15 години кога го доживеала најужасниот настан во животот – нејзината мајка Герда во самоодбрана го убила таткото на актерката, Чарлс.

Имено, таткото на Шарлиз Терон бил алкохоличар, а една ужасна ноќ во 1991 година упаднал вооружен во собата каде што биле актерката и мајка и’.

„Татко ми беше толку пијан што едвај одеше кога влезе дома со пиштол. Мајка ми и јас се потпревме на вратата од спалната соба за да го спречиме да влезе. А потоа, тој три пати стрелаше преку вратата. Ниту еден куршум не не’ погоди, за среќа, тоа беше чудо. Го уби во самоодбрана за да не’ спаси“, раскажала актерката.

Убавата јужноафриканска актерка објаснила зошто никогаш не била покрената пријава против нејзината мајка и додала дека не се воздржува да зборува за тој страшен настан.

„Не се срамам да зборувам за тоа, бидејќи мислам дека колку повеќе зборуваме за такви работи, толку повеќе сфаќаме дека не сме сами. Мојата приказна е приказна за растење со зависник. Секако дека посакувам никогаш да не се случеше таа ноќ. Но тоа е тоа што се случува, за жал, кога не ги решавате тие проблеми од корен“, заклучила Оскаровката.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.