Шарлиз Терон за татко и: “Ни рече, вечерва двете ќе ве убијам, па мајка ми го застрела!“

Актерката за прв пат прозборе за траумите од детството и убиството

Во последното интервју, холивудската глумица Шарлиз Терон до детали раскажала се’ околу убиството на нејзиниот татко.

Славната актерка пораснала покрај татко алкохоличар, кој покрај тоа, имал и биполарно нарушување. Така настанале условите за психичко и физичко малтретирање чиишто жртви биле Шарлиз и нејзината мајка Грета. Кога имала 15 години, Шарлиз видела нешто што засекогаш ѝ го променил животот. Таа вечер се враќала од училиште, а нејзиниот татко Чарлз и чичко ѝ доаѓале од локалниот паб. Мајка ѝ била лута и ја заклучила вратата.

Знаев дека ќе се случи нешто лошо, едноставно, го имав тоа чувство, рекла Шарлиз.

Кога пристигнал пред куќата, нејзиниот татко почнал да пука, прво во оградата, па во кујнската врата. Успеал да ја искрши заклучената врата и да влезе во куќата. Застанал пред собата на Шарлиз и бесно почнал да тропа на вратата.

Вечер двете ќе ве убијам, врескнал и пукал во вратата со пиштолот.

Кога тоа го слушнала, нејзината мајка го земала својот пиштол и го застрелала својот сопруг, а неговиот брат го ранила. Кога сфатила што направила, Грета, во желба да ја заштити својата ќерка, ја замолила Шарлиз да замине од дома.

Ми рече: „Оди и направи нешто од својот живот“. Тоа се жртвите што ги правите за своите деца. Секогаш ѝ бев на прво место, рекла Шарлиз.

Една година по трагедијата Шарлиз се отселила во Милано со желба да започне манекенкска кариера, а неколку месеци подоцна отишла во Холивуд со, како што рекла, „куфер полн со соништа“ и со 400 долари во паричникот. Десет години подоцна се прослави во филмот „Чудовиште“ (Monster) и освои Оскар за најдобра женска улога.

Иако долго се борела со тоа, актерката признала дека оваа семејна трагедија ја направила посилна. Објаснила дека и покрај времето коешто поминало и славата што ја стекнала, и понатаму ја носи лузната во своето срце.

Ми требаше време да сфатам дека тоа навистина се случило. Секогаш мислите дека такви работи вам нема да ви се случат, рекла актерката.

Нејзината мајка не била осудена, бидејќи судот заклучил дека станува збор за самоодбрана. Кога ја прашале што би променила кога би можела да се врати во минатото, Шарлиз не се двоумела.

Би ги натерала родителите да се разведат, единствено тоа. Што се однесува до останатото, мојот живот е прекрасен и никогаш не би го менувала, рекла Шарлиз.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.