Милан Поповиќ: „Детето сега ќе ја има мојата адреса на живеење“

„Далеку од тоа дека детето ѝ е одземено на мајката“ - вели Поповиќ

По емотивното писмо кое Северина Којиќ го објави на социјалните мрежи веднаш по пресудата, сега конечно се огласи и нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ и за српски „Телеграф“ нагласува дека неговата цел никогаш не била детето да ѝ се одземе на мајката, но и дека старателството е заедничко, со тоа што Александар отсега ќе живее со него.

Договорот меѓу родителите е секогаш над било која пресуда (се разбира, освен кога судот ќе одлучи дека не е во интерес на детето да биде со еден од родителите, но тоа е друга приказна). Доколку детето сака да поминува повеќе време со мајката и ако таа ги почитува неговите обврски како што е на пример училиштето, не гледам проблем мајката и сиинот повторно да поминуваат повеќе време заедно. Сакам да нагласам дека Северина е глава на своето семејство, таа ја издржува целата фамилија, многу работи, активна е и има многу малку слободно време на располагање. Иако според старата пресуда детето живееше кај неа, времето кое таа досега го поминуваше со синот беше многу ограничено – објаснува Поповиќ.

Фото: Милош Надаждин, ATA Images

Тој потсетува дека пресудата не гласи тој да биде старател и дека со Северина остануваат заеднички старатели, освен во два аспекта.

Пресудата единствено дефинира дека детето сега ќе ја има мојата адреса на живеење, но и понатаму ќе продолжи да го поминува времето и со мајка си и со мене. Далеку од тоа дека детето ѝ е одземено на мајката – вели Поповиќ.

Бизнисменот, кој од минатата недела е трн во очи на многу жени од целиот регион, во истото интервју обвинува дека добивал сериозни закани од сегашниот сопруг на Северина, Игор Којиќ, и дека за тоа ќе побара дополнителна заштита.

Поповиќ повторно ја обвинува Северина дека продолжува да го злоупотребува своето родено дете во комерцијални цели и дека фановите ја сожалуваат бидејќи не знаат дека таа всушност е против заедничко старателство и дека единствена добиена битка за неа е ако синот комплетно го одвои од својот биолошки родител.

Текст: www.zenskimagazin.mk

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.