Сè е подготвено за утрешното издание на „U&Z Influencer Awards 2019“ – Победниците се избрани

Гласањето е завршено!

Утревечер во Ragusa Rooftop 360 ќе се случи големото финале на U&Z Influencer Awards 2019

 

По цели три месеци напорна работа, како од страна на организаторите, така  и од страна на талентиранитe инфлуенсери, конечно падна одлуката кои ќе бидат победниците во одредените категории.

За тоа кој ќе победи одлучуваше стручното жири, кое што беше составено од веќе истакнати домашни ифлуенсери и претставници од агенциите за дигитален маркетинг.

Категориите во кои се натпреваруваа нашите инфлусенсери се Beauty, Travel, Fashion, Food, Lifestyle, Health и InstaMan, како и во главната категорија Influencer Star, a категоријата Happiness е специјалната категорија на изборот (#ВклучиСеЗаСреќа, #МинутиНаСреќа). Поддржувачи на категоријата Beauty се брендовите ArtDeco, Misslyn и Carolina Herrera. Carolina Herrera заедно со популарниот бренд Jimmy Choo е поддржувач и на категоријата InstaMan, потоа, поддржувач на категоријата Travel е B-Watch, аптеките „Еурофарм“ се покровител на категоријата Health, категоријата  Fashion е поддржана од брендот NuMe, категоријата Lifestyle од MiniSo и KFC, а и категоријата Food исто така е поддржана од неколку познати брендови, додека, пак, официјален партнер за среќа е Лото7. 

 

 

Организатор на настанот, пак,  е магазинот „Убавина и здравје“, преку групацијата „Колор медиа плус“, која покрај најстарото и најтиражното списание за жени, ги издава и списанијата Home Style, „Добра храна“, „Руски доктор“, како и специјалното издание „The Economist – Светот во 2020 година“, и е организатор на манифестациите „Профемина“, „Food Talk“, Story Awards“ и многу други, а го работи и онлајн-изданието на „Убавина и здравје“ – www.ubavinaizdravje.mk, каде што можат да се најдат многу интересни содржини поврзани со негата и убавината на припадничките на понежниот пол.

Она што е важно да се нагласи е фактот дека на утрешниот гала-настан ќе бидат присутни сите учесници во мини-натпреварот U&Z Influencer Awards 2019, a победникот во главната категорија Influencer Star ќе добие годишен договор со генералниот покровител Violeta, 2 авионски билета до дестинација по сопствен избор од Turkish Airlines , У&З-ваучер во вредност од 100 евра за часовници и накит и насловна страница во декемврискиот број на магазинот „Убавина и здравје“.

Подароци (во вкупна вредност од 500 евра) го очекуваат и победникот на секоја категорија – вредни ваучери од познати брендови, патувања, парфеми, козметика, во зависност од категоријата во која победиле, како и можност да потпишат договори за соработка со клиентите што ја поддржале нивната категорија.

На забавата ќе присустуваат и голем број на познати личности и ѕвезди од домашната јавна сцена, кои го поздравија овој настан и истакнаа дека се среќни што конечно и Македонија доби ваква гала-вечер во светски размери, по теркот на „Вог“ и „Космополитен“.

Текст и фото: Убавина и здравје

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.