Ретко која дама би ја облекла оваа комбинација, но Викторија Бекам продолжува да држи лекции по мода
И нема рамна
Викторија Бекам е дотерана од глава до пети, дури и кога патува.
Славната дизајнерка била фотографирана додека се упатуваше кон железничката станица „St. Pancras“.
Сивиот комплет со здолниште со високи шлицови, Бекам го надополнила со бела кошула, а во својот стајлинг внела впечатлива виолетова боја преку чантата и обувките.
Ретко кој би се осмелил да ја облече оваа комбинација, но на Викторија и стои совршено.
Фото: Getty Images