Диетални специјалитети: Мени за „манекенки“

Можете да јадете висококалорични намирници, но во поздрава варијанта

Фото: www.cookinglight.com

Здравиот и нискокалоричен оброк не мора да биде и невкусен. Тоа го докажуваат овие неколку рецепти од таканареченото „мени за манекенки“

Смислата на здравата исхрана не е да воведеме строг режим со кој од менито ќе ги исфрлиме омилените јадења, и така да ослабиме, но на нездрав начин.

Докажано е дека штом нешто ќе исфрлиме од менито – таа храна веднаш почнува да нè привлекува. Напротив, целта на здравата исхрана е постигнување добро чувство, виталност, дополнителна енергија и зајакнување на природниот имунитет на организмот.

Сето тоа можеме да го постигнеме ако знаеме да ги почитуваме правилата на здравата исхрана, а основното правило е да јадеме сè, но во умерени количества и во вистинското време.

САЛАТА СО ПРШУТА И МОЦАРЕЛА

Наместо со леб, пршутата можете да ја комбинирате со различен зеленчук.

Потребно е: 50 г пршута, 80 г беби-моцарела, малку босилек, 20 г свежи краставици, 20 г моркови, 60 г чери-домати, 30 г киселец (рукола)

Приготвување: пршутата се сечка на стапчиња, беби-моцарелата на половина, свежите краставици на крукчиња, морковот на стапчиња, чери-доматот на половина, се додава рукола, малку сол, маслиново масло и босилек. Сè добро се меша и се сервира.

ПЕНЕ СО ЧАДЕНА ПАСТРМКА

Пробајте чадена риба, која сигурно ќе ви го задоволи вкусот.

Потребно е: 100 г чадена пастрмка, половина свеж домат, половина црвена пиперка, малку праз, 100 г тестенини, сол, црн пипер, магдонос

Приготвување: на загреано маслиново масло се ставаат коцки свежа пиперка и домати и крукчиња праз, потоа стапчиња чадена пастрмка исчистена од кожичката. Сè заедно се пропржува две-три минути, и се додаваат сварената тестенина и зачините.

КАПРЕЗЕ СО АВОКАДО

Сирењата се одличен начин на салата да ѝ се надополни вкусот, особено во комбинација со авокадо!

Потребно е: 125 г свежа моцарела, 100 г свеж домат, 100 г авокадо, маслиново масло (екстрадевствено), сол, босилек

Приготвување: моцарелата и свежиот домат се сечат на крукчиња, а авокадото се чисти и се сече на парчиња. При сервирање наизменично се реди парче домат, парче моцарела и парче авокадо. Се посолува, се посипува со босилек и се прелива со маслиново масло.

БИФТЕК-САЛАТА

Фото: www.cookinglight.com

Потребно е: 100 г бифтек, 1 помал морков, 1 помала краставица, половина главица црвен кромид, половина зелена пиперка, рукола

Сос: маслиново масло, печен сусам, црн пипер, лајт соја-сос

Приготвување: во загреано маслиново масло се додаваат стапчиња бифтек, коцкички црвена и зелена пиперка, парчиња црвен кромид и крукчиња моркови, и кратко се пропржува. Се додаваат крукчиња свежа краставица и рукола, се меша и се сервира. Салатата се прелива со изматениот сос.

Текст: Убавина и здравје

Фото: www.cookinglight.com

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.