Тајните на здравата исхрана

Корисни совети

Понекогаш е полесно да се каже дека се храниме здраво одошто навистина да го направиме тоа. Поедноставно е да се купи нездрава храна од некој ресторан за брза храна одошто нешто да се приготви дома.

Денес е многу тешко да се издвои време за набавка на потребните намирници од супермаркетите и од пазарите. Но навистина не е тешко да се направат мали измени со кои би си ја подобриле исхраната.

А со малку фантазија (или наши совети) лесно ќе смислите безброј лесни а здрави рецепти. Со малку труд ќе ги пронајдете рецептите што му одговараат на вашиот животен стил!

Корисни совети

1 Намалете го внесувањето на солта преку храната. Заменете ја со лимон или со некој друг зачин.

2 Немојте да пиете повеќе од еден алкохолен пијалак на ден.

3 Зголемете го дневното консумирање житарки и храна богата со растителни влакна.

4 Јадете разновиден зеленчук и овошје.

5 Водете дневник на исхраната во кој ќе запишувате сè што ќе изедете.

6 Избирајте немрсна храна или барем консимирајте ја во помали количества (доколку е мрсна, нели?)!

Текст: Убавина и здравје

Фото: Pixabay

 

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.