Лежењето и седењето пред телевизор можат да ги ослабнат мускулите и да предизвикаат болки во грбот.
Ако сте се здебелиле во стомакот, колковите се потиснати напред, па долниот дел од грбот се искривува, што предизвикува дополнителен притисок врз ’рбетот.
Како да ја намалите штетата? Легнете на грб, повлечете ги колената над стомакот и потиснувајте го грбот на подот за да го коригирате држењето на телото. За зајакнување на ослабените грбни мускули, секојдневно правете ја оваа едноставна вежба – легнете на стомак, поставете ги рацете покрај телото и одржете го горниот дел над подот.
Вежбата повторете ја 20 пати.
Фото: Getty Images