Во продолжение прочитајте ги трите заповеди за здрава и младешка кожа во кои се колнат познатите дами со перфектен тен.
1 Засилете го дејството на кремот за лице така што ќе го нанесувате на влажна кожа. Влагата овозможува поефикасно продирање на активните состојки на препаратот.
2 Редовно правете пилинг, но внимавајте да не претерате. Ако почувствувате затегање на кожата, чешање и забележите црвенило, направете пауза од една недела.
3 Нахранете ја кожата со омега-3 масни киселини. Овие корисни материи се наоѓаат во риба, јаткасто овошје, јајца, во зеленчук и овошје со интензивна боја (портокали, домати, пиперка).
Инфо-плус: со нежен пилинг во домашна варијанта, еднаш до двапати неделно, се забрзува ексфолијацијата на површинските слоеви на кожата и се намалува затнувањето на лојните канали.
Текст: Т. Богунова