Дали е непрепорачливо сопружниците да спијат во одделни кревети?

Еве што мисли науката...

Во минатото, воопшто не било необично сопружниците да спијат во одделни кревети, напротив, тоа било практика на мнозинството. Денес тоа изгледа бизарно. Или можеби не? Мислењата на научниците се поделени…

Раздвојте се!

Ако вашиот партнер ’рчи, често станува, чкрипи со забите и ви го нарушува сонот, обидете се да спиете одвоено. Уморот поради ненаспаност може да предизвика депресија, нервоза и опаѓање на либидото, што ќе остави последици врз вашиот однос. Одвоените постели не се пречка за секс. А квалитетниот сон, кој следува потоа (во одвоени кревети), е услов за добро расположение.

Останете заедно!

По подолго период спиење во одвоени кревети, може да се наруши блискоста во врската. Поголемиот број двојки денес не се гледаат преку ден, па ноќта е единствениот период кога се физички блиски. Затоа испробајте ги сите други опции, како што се тампони за уши, пред да почнете да спиете одвоено.

 

Текст: Наташа Човиновска

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.