Ексклузивно од Будва: Сека Алексиќ го „прошета“ трудничкото стомаче (ФОТО)

Пејачката не ја симнуваше насмевката од лицето

Сека Алексиќ и ова лето работи со полна пареа и прави хаос секаде каде што настапува, бидејќи одлично ја поднесува бременоста, а паузата меѓу настапите ја користи да се опушти со сопругот Вељко Пиљикиќ на море.

Магазинот „Стар“ ја „улови“ популарната двојка за време на излегувањето на ручек во Будва, а во таа пригода, популарната пејачка премиерно го покажа и трудничкото стомаче, кое се оцртуваше под свилениот фустан во зелена боја.

Сека не ја симнуваше насмевката од лицето, па нема дилема дека е пресреќна што вторпат ќе стане мајка и што на својот син Јаков ќе му подари братче, кое ќе се вика Исак.

Фотографијата снимена за време на прошетката на популарната двојка можете да ја погледнете ТУКА.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.