Погледнете како изгледаат децата на Брејк и Драгана Клопчевска – Постариот Давид денес слави роденден
Разгледница од море
Поранешната мисица и сопруга на пејачот и бизнисмен Дарко Гелев – Брејк , Драгана Клопчевска, денес преку емотивна порака му го честита роденденот на синот Давид.
Денес, момчето кое ми го украде срцето денот кога се роди полни цели 6 години. И без разлика на родендените кои ќе ги славиме, ти секогаш ќе бидеш моето мало бебе кое го земав во прегратка тоа утро на 25 јули 2013 – та година во 11:05 … Среќен роденден сине, те сакам најмногу малечко мое, стои во постот на Драгана кој е надополнет со фотографија на која позира славеникот и помалата сестричка која дојде на свет годинава.
Инаку, среќното семејство во моментов е на заслужен одмор на море.