Џорџ и Амал Клуни го прославија 4-от роденден на близнаците во вила на езерото Комо: Враќање на местото на судбинската средба!

По подолго време

Семејството Клуни наводно се воодушевило од враќањето во Италија каде што го прославиле роденденот на децата близнаци

Џорџ Клуни (60) и убавата адвокатка Амал (43) заедно со своите 4-годишни близнаци, синот Александар и ќерката Ела, се вратиле во својата луксузна вила сместена кај езерото Комо во Италија.

„Минатата година семејството Клуни не поминуваше време заедно на езерото Комо, па ова е првпат по две години да се вратат таму. Изгледа дека се воодушевени поради враќањето, а и нивните пријатели исто така, бидејќи долго време не ги виделе“, вели извор близок на двојката.

Близнаците на Џорџ Клуни, синот Александар и ќерката Ела во неделата наполниле 4 години.

Да се потсетиме, на езерото Комо каде што се наоѓа вилата на актерот, се случила и нивната судбоносна средба во 2013 година.

„Првото што го помислив е дека е духовита и исклучително паметна“, рекол своевремено актерот за вечерта кога се запознале со Амал.

Двојката се венчала една година подоцна во Венеција.

Се шушка дека Џорџ Клуни ѝ фрлил око на оваа актерка: Љубоморната Амал направила сцена!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.