Добро познатиот италијански специјалитет на поинаков начин: Лазањи со похувано пилешко месо
Рај за непцата!
Бидете креативни и пригответе ги лазањите на малку поинаков начин
Состојки:
- 300 г тесто за лазањи
- 500 г пилешко бело месо
- 400 мл доматен сок
- 400 г урда
- 3 јајца
- 200 г брашно
- 250 г кашкавал
- сол
- масло
Приготвување:
1. Исечете го пилешкото бело месо на шницли, истолчете ги со толчник и зачинете ги по желба.
2. Во една чинија ставете го брашното, а во друга изматете две јајца. Валајте ги зачинетите шницли во брашното, а потоа во изматените јајца, па пржете ги на врело масло додека поруменат од двете страни.
3. Ставете во огноотпорен сад малку доматен сок и преку него наредете суво тесто за лазањи.
4. Помешајте ја урдата со едно јајце, па половина од смесата премачкајте преку тестото за лазањи. Одозгора наредете го похуваното месо и посипете го со рендан кашкавал. Истата постапка повторете ја уште еднаш, завршете со доматен сок и рендан кашкавал.
5. Печете 40 минути во загреана рерна на 200 степени Целзиусови.
Извор: Добра храна