Десерт што ќе ве освои на прво залче: Чоколадни рум-коцки

Вкусни и незаборавни!

Ниедна трпеза не е целосна без десерт што се топи во уста

Состојки:

За кората

  • 6 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 3 лажици брашно
  • 2 лажици какао
  • 2 лажици масло

За кремот

  • 1 јајце
  • 5 лажици шеќер
  • 100 мл млеко
  • 2 лажици какао
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 лажици рум
  • 250 г путер
  • 150 г шеќер во прав

За чоколадната глазура

  • 200 г чоколадо
  • 6 лажици масло
Приготвување:

Кората

1. Изматете ги белките во цврст снег, постепено додавајќи шеќер.

2. Потоа додавајте ги една по една жолчките и сипете масло во тенок млаз, непрекинато мешајќи. На крајот додајте ги брашното и какаото.

3. Обложете плех со хартија за печење и сипете ја во него смесата за кората. Печете во рерна загреана на 180 степени Целзиусови, 20-30 минути. Оладената кора пресечете ја наполу.

Кремот

1. Помешајте го јајцето со шеќерот, млекото и какаото. Ставете го тоа на оган и полека варете го, непрекинато мешајќи, додека почне да згуснува.

2. Измешајте ги путерот и шеќерот во прав. Постепено додавајте ја оладената смеса од какао, матејќи со миксер. На крајот сипете го румот и кратко матете со миксер.

Завршна постапка

1. Премачкајте ја првата кора со приготвениот крем (издвојте неколку лажици и оставете го настрана), прекријте со втората кора и нежно притиснете.

2. Со издвоениот крем премачкајте ги горната кора и страните на колачот, па оставете во фрижидер да се стегне.

3. Исечете го колачот на коцки и прелејте го со оладената чоколадна глазура.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.