Совршено предјадење за вистинските гурмани: Торта со пилешко месо

Пробајте!

На истиот начин тортата можете да ја приготвите и од мисиркино бело месо

Состојки:
  • 500 г пилешко бело месо
  • 1 китка магдонос
  • 250 г лиснато тесто
  • 2 јајца + 1 јајце за премачкување
  • 2 лажици лебни трошки
  • пипер
  • 1 лажица исечкан магдонос
  • сол
Приготвување:

1. Излупете го зеленчукот и исечкајте го на покрупни парчиња. Додајте го во тенџере, ставете го пилешкото и прелејте го со вода, да се потопи. Варете на средна температура свежите жолчки, месото.

2. Извадете го свареното месо од супата, издвојте една четвртина и оставете ги цели парчињата, а остатокот сомелете го во блендер.

3. Земете еден морков од супата и исечете го на коцки.

4. Во сад помешајте ги меленото пилешко, исечканиот морков, магдоносот, пипер и сол по желба. Белките изматете ги во цврст снег и додајте ги во смесата од месо, па полека промешајте со маталка.

5. Истенчете го лиснатото тесто со сукало и со него обложете долгнавест калап за печење. Преку тестото ставете половина од приготвената смеса од месо, потоа ставете ги целите парчиња пилешко и прекријте ги со преостанатиот дел од смесата. Израмнете го и прекријте го со остатокот тесто. Од вишокот тесто обликувајте ленти и наредете ги накрсно по површината.

6. Премачкајте ја тортата со изматеното јајце и печете ја 40 минути во рерна загреана на 200 степени Целзиусови.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.