Се врати во форма и го покажа мускулестото тело во сексапилен костим за капење (ФОТО)
Искрена „до коска“
Како и секогаш „искрена до коска“, манекенката Криси Тајген изминативе месеци, по второто породување, го покажуваше своето тело без филтери и разубавување. Два месеци од раѓањето на синот Мајлс, таа на сите обожаватели и следбеници им укажуваше на тоа како изгледа сакајќи да го сврти вниманието на тоа дека и таа, како и секоја друга жена во оваа фаза се чувствува многу несигурно.
Манекенката дури и објави на Твитер дека „животот е многу полесен по породувањето кога нема да се искинеш во целост“, мислејќи на руптурата на перинеумот, до кое често доаѓа при породување. Како што вели, тоа и’ се случило при првото породување со ќеркичката Луна.
А како изгледа по 6-месечен режим на вежби и исхрана, погледнете сами:
Фото: Инстаграм, Getty Images