Разладете ги топлите летни денови со овошен пијалак
Состојки:
- 500 грама јагоди
- 150 грама боровинки
- 2 кивија
- манго
- лимон
- ½ мала лубеница
- 1 лажица шеќер
- ¾ литри сок по вкус
- 1 литар ладен овошен чај
- 1 литар ладна минерална вода
- рендана кора од лимон
Приготвување:
1. Измијте ги јагодите, исчистете ги и исечкајте ги на четвртинки. Измијте ги боровинките и исцедете ги. Излупете ги кивито и мангото, извадете ги семките и исечете ги на резанки. Исчистете ја лубеницата и извадете ги семките.
2. Ставете ги мангото, кивито и лубеницата во голем сад, додајте јагоди, боровинки, шеќер, сок и рендана лимонова кора.
3. Оставете ги да отстојат неколку минути, па додајте ги изладениот овошен сок и чај по вкус и измешајте на крај.
4. Пред послужување, сипете ја напивката во чаши, додајте минерална вода и мраз.
Уживајте!