Потпечени тиквички со сирење: Оброк прсти да излижеш!

Превкусен летен оброк

Брз, лесен рецепт, одличен и за почетници

Пригответе го овој едноставен рецепт за тиквички потпечени во рерна, кои ќе ја опсипат вашата трпеза со прекрасни миризби. Рецептот е погоден и за почетници во куна.

Состојки:
  • 4 тиквички
  • 100 грама тврдо сирење за рендање
  • 200 грама меко сирење
  • маслиново масло
  • магдонос
  • сушен босилек
  • сол, бибер
Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени, на плехот ставете хартија за печење. Измијте ги тиквичките, исушете ги и пресечете ги на половина во должина. Со лажица издлабете ги семките.

Во чинија измешајте меко сирење со сол, бибер и сушен босилек. Внимателно ставете ги тиквичките на хартијата за печење, наполнете ги со приготвената смеса, одозгора изрендајте тврдо сирење и прелејте ги со малку маслиново масло. Печете ги 15-20 минути, додека тиквичките не станат меки, а сирењето убаво се запече.

Наросете ги со свеж магдонос и послужете ги топли.

Добар апетит!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.