Вистински летен пијалак: Направете го ова овошно освежување!

Вкусно и освежувачко!

ФОТО: Shutterstock

Разладете ги топлите летни денови со овошен пијалак

Состојки:
  • 500 грама јагоди
  • 150 грама боровинки
  • 2 кивија
  • манго
  • лимон
  • ½ мала лубеница
  • 1 лажица шеќер
  • ¾ литри сок по вкус
  • 1 литар ладен овошен чај
  • 1 литар ладна минерална вода
  • рендана кора од лимон
Приготвување:

1. Измијте ги јагодите, исчистете ги и исечкајте ги на четвртинки. Измијте ги боровинките и исцедете ги. Излупете ги кивито и мангото, извадете ги семките и исечете ги на резанки. Исчистете ја лубеницата и извадете ги семките.

2. Ставете ги мангото, кивито и лубеницата во голем сад, додајте јагоди, боровинки, шеќер, сок и рендана лимонова кора.

3. Оставете ги да отстојат неколку минути, па додајте ги изладениот овошен сок и чај по вкус и измешајте на крај.

4. Пред послужување, сипете ја напивката во чаши, додајте минерална вода и мраз.

Уживајте!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.