И тоа го видовме: Необично модно издание на Мадона (ФОТО)

„Мадам-X се крие на аеродромот“

Поп-иконата Мадона на аеродромот во Њујорк се прошетала во облечена во тренерки и јакна, во комбинација со сандали од Луј Витон, на главата ставила бурка, а очите ги покрила со очила за сонце. Фотографите ја забележале кога од главата ја тргнала бурката за да помине на пасошката контрола на аеродромот.

Мадам-X се крие на аеродромот“, напиша Роберт Хавиер, кој објави слика на Инстаграм.

Мадона, која често патува во арапските земји и купува разни модни додатоци, многупати рекла дека не е роб на модата и дека се облекува како што е расположена. Американските медиуми, пак, напишаа дека бурката, најверојатно, ја носи поради нејзиното поранешно момче, Брахим Себет, кој е муслиман.

 

Извор: „За забава“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.