На Дејвид Бекам му е одземена возачката дозвола

На Дејвид Бекам му ја одземаа возачката дозвола на шест месеци поради користење мобилен телефон во текот на возењето.

Фото: Getty Images

Славниот фудбалер се изјаснил за виновен пред надлежниот судија и признал дека користел мобилен за време на управувањето на своето „бентли“ во ноември минатата година. Бекам бил фотографиран од случаен минувач како го држи телефонот додека вози во колона кон центарот на Лондон.

За овој прекршок во Англија се добива шест казнени поени, но бидејќи фудбалерот веќе ги има поради брзо возење, пресудено е да му биде одземена возачката на шест месеци.

Изречена му е и парична казна од 750 фунти.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.