Емилија Кларк: „Мислев дека е готово, дека моето време помина“

Актерката искрено за страшните здравствени проблеми

Фото: Getty Images

Сега има сопствена организација, која им помага на луѓето да закрепнат од последиците од мозочен удар

Актерката Емилија Кларк од хит-серијата „Игра на престолите“ во есејот што го напиша за „Д Њујоркер“, ја откри болната вистина за својата болест, односно за двата мозочни удара што ги преживеала во растојание од две години.

Првпат несреќниот случај се случил во 2011 година.

Се облекував во гардеробата во фитнес-центарот и почувствував силна главоболка. Бев толку истоштена од неа што одвај успеав да ги облечам патиките. Кога почнав да вежбам, морав самата да се форсирам низ првите неколку вежби. Не успеав да го завршам тренингот докрај, туку ползејќи се вратив во гардеробата каде што повторно почнав да чувствувам како некој да ми ја стега главата со еластична лента“, напиша Кларк.

Тој ден го доживеала првиот мозочен удар и завршила на операција. Бидејќи се работело за помал удар, по неколку дена се вратила на работа.

 

 

View this post on Instagram

 

Fact: this teddy bear barks. #shelookscuteashellbutisarealhellraiser #thedogsnotbadeither

A post shared by @ emilia_clarke on

Во 2013 година, актерката доживеала уште еден, овој пат значително потежок и посилен мозочен удар. Втората операција била неуспешна, па Кларк морала да направи трета, многу ризична операција.

По подолго закрепнување, Кларк се вратила на работа и успешно ги изведувала сите обврски додека еден ден повторно почувствувала најсилна болка дотогаш.

Мислев дека е готово. Тоа е тоа. Моето време помина“, се присети Кларк.

За среќа, не била потребна четврта операција и актерката со помош на лекарите и терапијата успеала да закрепне.

Токму затоа, поради сопствениот трнлив пат, популарната Денерис Таргарјен основа сопствена организација наречена Same You, која им помага на луѓето да закрепнат по повреди на мозокот и мозочен удар.

Извор: „Стори.рс“

Фото: Инстаграм, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.