„Профемина 2018“ – Сè за трендовите во индустријата на убавината на едно место

„Антиејџинг и дискретни естетски корекции“

Во рамки на конференцијата е планирано да се реализираат пет панели на кои ќе се дискутира на различни теми поврзани со жената

Овој петок во хотелот „Александар палас“ во Скопје ќе се одржи второто издание на регионалната конференција „Профемина“, во чиј фокус се жените и сè што е поврзано со нив. Во рамки на конференцијата е планирано да се реализираат пет панели, на кои ќе се дискутира на различни теми во кои акцентот ќе биде ставен на убавината, негата, здравјето и на сè што е од исклучителна важност за припадничките на понежниот пол. Првиот панел ќе стартува во 10 часот и 30 минути наутро, а истиот е насловен како: „Трендови во индустријата на убавината: Антиејџинг и дискретни естетски корекции“.

Учесници во оваа панел-дискусија ќе бидат д-р Роберт Стојовски, спец. пластичен и реконструктивен хирург во „Медика Истанбул“, д-р Нина Митева, ортодонт и сопственичка на стоматолошка ординација „Д-р Нина“, м-р Ивана Хаџиванова, психолог, психотерапевт и сопственичка на „Неокортекс“, Симона Попоска, доктор по општа медицина и естраден уметник, д-р Елизабета Ризова, „Reshumana“ и Бојана Атанасовска Скендеровски, автор и водител на емисијата „Улица Македонија“.

Оваа шесторка ќе дискутира и преку своето искуство ќе објасни и долови како со минимални методи на естетската хирургија да го разубавиме лицето и подмладиме, а да не претераме…

Покровител на овој панел е „Горенка“, а е во организација на магазинот „Убавина&здравје“.

Жените сакаат да разговараат, да дискутираат, да прашуваат и да споделуваат, но сакаат и поддршка.

Влезот е слободен, потребно е само да го потврдите вашето присуство на мејл адресата event@colormedia.com.mk, или на тел 02/2341405 најдоцна до среда. Повикајте ги и пријателките, нашите партнери обезбедија голем број на изненадувања и подароци. Се гледаме на 30 ноември!

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.