За изгубено време се смета она од 50-тата до 70-тата година: Еве зошто!

Обрнете внимание

Изгубената доба се случува во периодот од педесеттата до седумдесеттата година и еве зошто доаѓа до тоа

Изгубена старост е периодот од 50-тата до околу 70-тата година. И ја викаат „изгубена“ бидејќи тоа време како да не постои во нашиот живот.

Не постои од проста причина што, прво, во овој период со сите сили се трудиме сѐ уште да изгледаме млади, а потоа со носталгија се препознаваме себеси како стари. И како резултат на тоа, едноставно бришеме огромно парче од својот живот, кое, всушност, можеби е најдоброто во нашиот живот.

Некои луѓе мислат дека по 55 или 60-тата година, можете слободно да заборавите на задоволствата во животот.

Но тоа воопшто не е така! Тајната е едноставна!

Не обидувајте се да живеете по 55-тата година како да имате 30 или 40 години. Наместо тоа, мора да си дозволите себеси понатаму да се развивате.

Никој од нас не живеел на 15 години како да има пет или на 30 години како да има 15. На 15 години не си играме со кукли и со војничиња, како кога сме имале пет години. А на 30 години не ја слушаме музиката што сме ја обожавале кога сме имале 15.

Тоа, секако, не значи дека добиваме помалку задоволство. Тоа значи дека сега уживаме во друго.

Овој необичен феномен се случува кај многу луѓе. На 50-55 години многумина имаат чувство дека нешто им завршило во животот, а дека нешто друго, што требало да почне во тој момент, сепак не започнало. Едноставно кажано, во животот се формира некој вид прекин, пауза, која, за жал, може да трае долго, многу долго, до смртта.

Што можеме да направиме?

По 50-тата година, обично си поставуваме цел да не живееме полошо од претходно. Поради тоа, работиме како и претходно, брзаме како и претходно и не уживаме како и претходно.

Дали е чудно тоа што толку луѓе чувствуваат како животот да им застанал по 50-тата година? А како животот може да биде подобар ако грчевито се држиме до она што било претходно?

Обидете се да си поставите поинаква цел – да живеете подобро од претходно. Да добиете повеќе задоволство од животот. Забавувајте се, опуштете, изгледајте подобро, љубете посилно… Обидете се и веднаш ќе почувствувате како повторно ви се појавила смислата на животот.

Сѐ додека мислиме дека по 50-тата година нашиот личен развој завршува, додека очајно се обидуваме да се држиме до минатото, да живееме како порано, можеме да заборавиме на среќата.

Радоста и задоволството во животот по 55-тата година настануваат кога ќе се ослободите од минатото и ќе си дозволите себеси да продолжите да живеете, да се менувате, да се развивате, да станете поинакви, дозволувајќи си себе нови хобија, нови пријатели, нови работи…

Дури и во споредба со генерацијата на нашите родители, имаме додадено дополнителни 25 години активен живот! Четвртина век! Тоа треба да се прослави.

„Баба ми е црна овца во нашето семејство“: Секој би посакал да дочека ваква старост!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.