ВЕ БОЛИ ГЛАВАТА? Побарајте го својот лек

Ароми што исполнуваат со здравје

Болката не ви дозволува да живеете квалитетно ниту да работите… Невозможно е да ја трпите главоболката. Значи, мора да се направи нешто. Да земете апче? Почекајте… Ајде за почеток да пробаме нешто поприродно и побезопасно – етерични масла и масажи.

Природните етерични масла не само што помагаат против главоболка туку и го зајакнуваат целиот организам. Притоа, тие немаат несакани ефекти. Најважно е што не може да предизвикаат алергија. Ќе се фокусираме на најефикасните.

Масло од лаванда

Етеричното масло од лаванда во борбата против главоболките е едно од најпопуларните. Можете да го користите во чиста форма. Ја ублажува нервната напнатост и ги релаксира грчевите во мускулите. Покрај тоа, го регулира артерискиот притисок и има благотворно дејство на системот за дишење.

Масло од рузмарин

Етеричното масло од рузмарин ја ублажува главоболката и помага во случај на вртоглавица. Ја стимулира работата на мозокот и помага при нервни нарушувања, а исто така ја подобрува циркулацијата, ги зголемува општиот тонус на организмот и артерискиот притисок.

Сепак, можете да го користите само во првата половина од денот. Поради стимулирачкиот ефект, оние што страдаат од висок крвен притисок и епилепсија треба да го користат внимателно.

Масло од нане

Маслото од нане е уште едно средство што се користи нашироко за ублажување главоболка. Најефикасно е во комбинација со масло од лаванда.

Како да ги применувате маслата

* При главоболка/мигрена на челото или на тилот можете да ставите ладни мирисни облоги со масло од лаванда. Шест капки етерично масло ставете во помала чинија со ладна вода. Парче фланелна ткаенина натопете во растворот, потоа нежно исцедете ја и ставете ја на болното место на два часа.

* Во случај на настинка и ОРЛ-заболување се корисни инхалации со масло од нане, лаванда, рузмарин, еукалиптус, лимона. Во чинија со литар врела вода ставете едно лажиче сода бикарбона и додајте неколку капки од некое од наведените етерични масла. Прекријте се и вдишувајте ја пареата десет минути.

* Ако ве боли главата од преголем умор, несоница или стрес, обидете се на слепоочниците да втриете неколку капки масло од лаванда (можете да го користите во комбинација со други масла, но тогаш во мешавината ставете и неколку капки рафинирано растително масло за да избегнете изгореници на кожата). Уште подобар ефект се добива ако покрај тоа користите и дифузер за ароматизирање просторија. Маслото можете да го изберете по желба – она ​​што ви се допаѓа во тој момент.

* При главоболка поврзана со ПМС на марамче за нос капнете неколку капки масло од лаванда, еукалиптус и нане. Ставете го на носот и длабоко вдишете неколкупати.

* За пенлива бања, растворете седум-осум капки масло во емулгатор (млеко, крем, павлака) и веднаш потоа додајте вода.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.