Температура од 37 што не паѓа со денови

Во последно време, луѓето често се жалат на температура од 37 степени што трае со денови, иако тие се чувствуваат добро. Веројатно поради пандемијата на коронавирусот, сите почесто ставаме термометар под мишка… Продолжената субфебрилност за некои е причина за очај и сомневање за онколошки заболувања.

Да ве смириме што е можно побрзо: телесната температура до 37,5 е нормална! Се разбира, ако нема други симптоми.

Температурата над 36,6 не е поврзани со болести ако:

* се јавува наутро или блиску до ручек, а навечер, по активностите, кога ќе легнете – таа се намалува, за разлика од температурите предизвикани од инфекции или онколошки заболувања, кои не паѓаат;

* изостане реакција на парацетамол. Испијте таблета парацетамол и за еден час повторно измерете ја температурата. Ако не се променила, веројатно кај вас е нарушена терморегулацијата. Ова се случува често кај млади жени, покрупни или, пак, многу слаби.

За да бидете сигурни, направете комплетна крвна слика со леукоцитна формула, стапка на седиментација на еритроцити и ЦРП (Ц-реактивен протеин). Ако се во границите на нормалата, ставете го термометарот подалеку – нема причина да се грижите.

Субфебрилноста е исто така карактеристична и за анемија поради недостиг од железо. Во тој случај, човекот може да ги почувствува вообичаените симптоми: слабост, чувствителност, намалена работна способност, постојан замор, промени во расположението, раздразливост, апатија. Неговата кожа станува сува, со првут и пукнатини. Ноктите се лупат, на нив се појавуваат бели дамки. Зглобовите и мускулите болат, косата паѓа.

Во исто време, хемоглобинот може да биде во границите на нормалата, а во организмот да има многу малку железо (ова се две различни анализи).

Во тој случај, потребно е да се најде скриеното жариште што го предизвикува недостигот ода железо (направете анализи за феритин и трансферин).

Текст: Наташа Човиновска

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.