Вдиши сила, вдиши енергија: Ода за О2

Од Славица Димитровска – менаџерка во OxyJetPower – дознаваме за популарноста на употребата на дополнителен кислород низ целиот свет.

Секоја клетка во нашето тело е дизајнирана да согорува кислород – тоа е основно гориво за метаболизмот на клетките. Намалете го кислородот и сите тие клеточни процеси стануваат бавни,  а вие почнувате да се чувствувате уморно или губите здив.

Што е OxyJetPower?

Станува збор за иновативен и револуционерен производ, кој им ги овозможува придобивките од кислородот на сите луѓе, бидејќи за него не е потребна препорака од доктор или пропишување. Пренослив, 95% чист кислород за целосно природна респираторна поддршка е спакуван во алуминиумска лименка, со фолија, со што е оневозможено загадување на производот. Се употребува едноставно, а можете да го носите секаде со себе.

Зошто ни е потребен OxyJetPower?

Современото време не ни дозволува да поминуваме повеќе време на отворено, па на човечкото тело му треба дополнителен кислород, кој го враќа телото во совршена рамнотежа. Клетките на човечкото тело имаат дневна потреба од висококвалитетен кислород за правилно функционирање и правилна регенерација.

Живеењето во големи и загадени градови придонесува за намалување на кислородот во воздухот, што го намалува квалитетот на воздухот.

Во светот, а сега и кај нас, го користат спортисти за закрепнување и подобрени перформанси, постари возрасни лица за активен животен стил, луѓе на големи надморски височини за приспособување на надморска височина, луѓе што живеат во средини со слаб квалитет на воздухот, лица со алергии и болести на белите дробови, но и, генерално, сите што се грижат за своето здравје и убавина или имаат потреба од поддршка на здравјето и перформансите во некој клучен момент.

Кога да земеме OxyJetPower?

Ако страдате од умор и замор, големи се шансите да ви недостига кислород, а токму тоа е една од последиците на забрзаниот модерен начин на живот. Од друга страна, сите знаеме колку е важен кислородот за перформансите во спортот. Без разлика во кој спорт учествувате, доброто снабдување со кислород е клучно.

Ако некогаш сте вежбале, сигурно знаете дека додека тренирате понапорно, дишете потешко и вашето срце чука побрзо. На основно ниво значи дека вашето тело се бори да пренесува повеќе кислород до ангажираните мускули и да ги отстранува штетните материи. Колку помалку кислород достасува до мускулите, толку повеќе се акумулираат штетните материи.

Можеби не ви се случило претходно, но кислородот е основата на целата енергија во телото и придобивките од земање дополнителен кислород додека вежбате кревање тегови и тренирате за сила се зголемена моќност, издржливост и капацитет за тренирање, како и подобрување на времето за закрепнување. Кислородот е природен додаток кој ќе ви помогне да го задржите фокусот и да се чувствувате будно додека возите.

Гејмерите го користат дополнителниот кислород OxyJetPower бидејќи им ги зголемува концентрацијата и фокусот, како и времето на реакција.

Не треба да потсетуваме на средините со загаден воздух, всушност чистиот кислород OxyJetPower е развиен како одговор на повеќекратните студии за влијанието на секојдневната изложеност на загадениот воздух врз стареењето на кожата и нивото на енергија. А би истакнале и дека употребата на дополнителен кислород е одличен лек за мамурлак.

OxyJetPower се препорачува и за повозрасните, за трудниците, за планинарите, професионалните возачи, едноставно, за сите активни луѓе на кои им е потребен висок степен на концентрација: студенти пред испит или пред важен состанок и настани кои бараат врвни ментални перформанси. OxyJetPower ви помага да го искористите вашиот потенцијал!

Клучни придобивки:

  • Го намалува нивото на стрес
  • Ви дава поттик и енергија
  • Ја подобрува концентрацијата
  • Ги подобрува физичките и ментални перформанси, како и времето на реакција
  • Одличен лек за мамурлак

КАДЕ ДА КУПАМ OXY JET POWER?

Можете да купите онлајн преку веб-продавницата на www.oxyjetpower.com, но и во продажните центри на нашите партнери.

За повеќе информации, новости и промоции, следете го Oxy Jet Power на социјалните мрежи: Instagram: @oxy_jet_power, Facebook: @oxyjetpower. Исто така, одговараме на сите прашања преку е-пошта: info@lg-westbalkan.mk.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.