10 години ја изневерувал сопругата со манекенка: Кога дознала за аферата, завршила во болница

Шоубизнис

Оливер Драгојевиќ почина на 71 години во Сплит. Познатиот пејач зад себе ја има оставено непрежалената сопруга Весна, со која беше 44 години во брак, каде како плод на љубовта ги имаат синот Дин и близнаците Дамир и Давор.

Животот на пејачот Оливер Драгојевиќ беше полн со контроверзии. Публиката ја освојуваше со своите романтични песни, а неговиот љубовен живот беше прилично бурен, иако се трудеше да го одржи имиџот на претставителен фамилијарен човек.

Малку познатата приказна за големиот уметник кога се работи за неговиот интимен живот, кога бракот малку му се распадна, откако во јавноста се прошири веста за неговата афера со некогашната манекенка Бранка Мариќ Мути.

„Во текот на тие години често поради стресот и нервозите завршував на итна помош. Долго се обидував да се кренам на нозе, бидејќи Оливер го сврте вниманието кој друга жена, но на крај сфатив дека се работи за неговата незрелост и несигурност“, изјавила своевремено Весна.

Некогашната манекенка Бранка Мариќ Мути јавно призна дека била во долгогодишна љубовна врска со него. Тие двајца одржувале интимни односи во текот на седумдесетите и почетокот на осумдесетите години, а колку аферата била сериозна, говори и фактот дека Оливер поради Бранка сакал да ја напушти соругата Весна.

„Никогаш не сакав да зборувам јавно за својот живот надвор од сцената, но во сплет на чудни и неморални околности се најдов во сржта на скандалот кои други ја исценираа. Мојата интима е првенствено моја работа и се што треба да кажам, ќе кажам во четири ѕида и со оние кои тоа ги интересира, а другите секогаш ќе останат гладни за сензација“, изјави Оливер тогаш за злите луѓе.

Инаку, Весна по смртта на Оливер многу сумпатично опиша како изгледал животот со него.

„Џезот ми беше ужасен, а Оливер сакаше џез. Му реков еднаш: „Те молам, објасни ми што е џез, како се свири, мене тоа ми изгледа како погрешно да свират..“ Тој само ми рече за тоа најдобро и да не разговараме. Мене ме интересираа други работи, медицина, психологија и ние двајца немавме многу што да зборуваме околу музиката“, изјави Весна.

Тажен податок кој го изнесе Весна е дека и биле потребни 10 години да го преболи неверството на Оливер.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.