ТЕСТ: Што ќе ве направи навистина среќни? Да, ние го имаме одговорот на тоа!

Обележете ги одговорите кои најмногу се однесуваат на вас, а потоа додајте ги симболите. Прочитајте го делот или деловите со симболите што најчесто сте ги избирале – за да дознаете кои мали измени ќе донесат повеќе среќа во вашиот живот.

АКО СТЕ ГЛАВНО *

ОДНОСИТЕ СО ДРУГИТЕ

Кога вашето расположение е диктирано од вашите односи, среќата може да стане неостварлива ако не поминувате квалитетно време со луѓето со кои вистински се поврзувате. Вие сте личност ориентирана кон другите, па вашите односи со нив секогаш ќе бидат центарот на вашиот живот, и треба да размислите за вашите клучни односи и за луѓето со кои поминувате најмногу време.

Понекогаш луѓето кои најмногу се грижат за нас можеби се најмалку подготвени да ги поддржат нашите планови, особено ако тие вклучуваат промена или чекор напред. Можеби ги имаат на ум вашите најдобри интереси, но често реагираат од страв.

Можеби сте надминале некои врски или едноставно ви треба нова енергија во животот за да се чувствувате инспирирано за иднината и да верувате дека  ви носи нови можности. Размислете што недостасува во вашите постоечки врски – дали луѓето од кои барате поддршка навистина ве разбираат? Или се работи за поврзување на подлабоко ниво со луѓе за кои се грижите без да имате многу заедничко?

Се разбира, ниедна врска не е без елементи на конфликт или предизвик, но пробајте да ѝ давате приоритет на искрената комуникација и можеби ќе откриете дека само треба да го поставите на повисоко скалило нивото на вашата среќа.

АКО СТЕ ГЛАВНО #

ЈАСНОТИЈА И СМИСЛА

Дури и природно расположените типови можат да откријат дека нивниот оптимизам се намалува кога животот станува стресен или кога се чувствувате како да немате време да завршите нешто како што треба.

Кога сте совесни по природа, може да се најдете во ситуација да го правите она што се очекува од вас, наместо она што навистина го посакува вашето срце, така што животот ќе ви стане низа задачи што треба да ги завршите. Ако се чувствуваме како да сме го изгубиле компасот, вистинското решение е да правиме помалку, а не повеќе.

Идентификувањето на малите нешта што ве прават среќни може да биде бесконечна задача, но можете да доживеете многу радост на патот. Свесното создавање посреќен живот може да значи да се каже „не“, да се направи простор за малите моменти на среќа. Сржта на наоѓањето смисла е преминувањето од реактивно живеење кон проактивно и свесно живеење за да се оттргнете од рутината и да дозволите пристап до она што навистина ја храни вашата душа.

Тоа може да биде едноставно решение – да се прошетате некаде во природа по ручекот, наместо да скролувате по телефонот и да одговарате на пораки.

АКО СТЕ ГЛАВНО @

СОЧУВСТВО СО СЕБЕСИ

Негувањето сочувство со себе можеби не изгледа како очигледен пат до среќата, но да живееш со внатрешниот критичар е како да живееш со насилник – па дали е чудно што среќата те избегнува? Самосочувството може да донесе моќна промена – тоа е единствениот противотров на тој озлогласен срам што ја уништува вашата среќа.

Сè додека не се откажете од вашиот ментален „инвентар на грешки“ или од работите со кои се борите, вашата среќа ќе биде заглавена. Друго ограничувачко верување што треба да се отфрли е класичното размислување „Ќе бидам среќен кога…“, кое ви кажува дека среќата треба да се заработи само откако сте го направиле „ова и она“, т.е. постигнале одредени цели.

Вашиот прв чекор во правењето промени е самоприфаќањето. Можеби сте загрижени дека прифаќањето на себе ќе ја избрише вашата мотивација да го достигнете вашиот целосен потенцијал, но вистинската промена започнува во местото на самоспознавање.

Негувањето сочувство е инвестиција и во вашите односи – додека не се прифатите себеси, сосе недостатоците, секогаш ќе има пречки за создавање длабоки врски со другите луѓе. Сите ние цветаме во присуство на другите кои го гледаат најдоброто во нас – замислете каков би можел да биде вашиот живот доколку го видите најдоброто во себе.

АКО СТЕ ГЛАВНО ♥

ПРИСУТНОСТ

Среќата лесно може да се „заглави“ ако предолго сте на автопилот, а не само затоа што веројатно најмногу ви недостасуваат малите моменти кои најмногу ја хранат вашата радост.

Решението за вас започнува со вистинско присуство и посветување поголемо внимание на овде и сега. Раскинувањето на врската може да биде заштитен механизам во стресни ситуации и начин да ни бидат подносливи.

Но можете да паднете во маѓепсан круг, да се оддалечите од другите и да се повлечете во себе – што ќе ги намали расположението и емоционалната отпорност.

Обидете се со ова: одредете период во денот – на патот до дома/работа, за време на оброкот, кога сте во прошетка или кога се опуштате, и наместо да кликнете на режимот за одвлекување на вниманието, како што се мислите што се вртат во круг или концентрирање на музиката или друга аудио-содржина, насочете ги своите сетила на овде и сега и забележете што чувствувате во дадениот миг.

Што може да слушнете, видите, почувствувате, намирисате или вкусите? Потоа, на крајот на денот направете ментална ревизија на позитивните искуства, колку и да се минимални. Има такви мали мигови на среќа во сечиј живот – само бидете присутни и свесни за нив.

Текст: Лидија Ќулибрк

Фото: Getty Images

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.