Зошто отекуваат очните капаци? Ви ги откриваме најчестите причини!

Како и методите што ќе ви помогнат да се справите со овој проблем.

Колку пати сте се разбудиле наутро и ве дочекале подуени очни капаци или кеси под очите при поглед во огледалото? Секој процес што се случува во човечкото тело може да резултира со различни промени на кожата.

Со оглед на тоа дека кожата околу очите е исклучително тенка и осетлива, дури и најмала промена во телото често ќе се одрази на неа.

Причините за отоци на капаците и за темни кругови можат да бидат различни, а во однос на сериозноста, тие се движат од сосема безопасни до такви што можат да го загрозат видот.

ПРЕМОР

Отоците на очните капаци често се појавуваат кога сте принудени да читате многу или да останете долго време пред компјутер.

Во овој случај, треба да ги следите правилата за „безбедност од отоци“: проверете дали работното место е добро осветлено, погрижете се да правите паузи на секој час и половина до два часа, при што ќе шетате низ просторијата и ќе правите неколку вежби со подигање на рацете и вртење на главата.

Корисно е наутро и навечер да ги миете очите со одвар од чај, по можност зелен (лажичка чај прелијте со четвртина чаша врела вода, оставете да отстои пет до седум минути, а потоа изладете ја смесата).

Навечер можете да нанесете облоги така што врз затворени очни капаци ќе ставите искористени кесички или талог од чај завиткани во еден слој газа.

Облози од свеж компир исто така можат да бидат ефективни. Добро измиениот компир изрендајте го ситно, а потоа соберете го во две парчиња газа свиткани во два слоја. Легнете на грб без да ставите перница под главата, па ставете ги облозите врз затворените очи и држете ги 10-12 минути. Потоа, отстранете ги и намачкајте ја кожата околу очите со хранлив крем, а вишокот отстранете го со марамче по половина час.

За облоги можете да користите и свежи моркови, а еднаш или двапати неделно на очните капаци држете парчиња свежа краставица, изладена во фрижидер.

ПЛАЧЕЊЕ

При плачење, солзните жлезди се многу активни, а солзите кои потоа излегуваат од очите не се солени колку што се солени при нормално навлажнување на окото. Отокот се јавува поради разликата во концентрацијата на солта меѓу солзите и околното ткиво.

Ако ви се случи да заплачете пред спиење, отечените очи наутро се неизбежна состојба во која нема да ви помогне никаква шминка или камуфлажа. Можете да се ослободите со облоги и да почекате времето да си го направи своето за рамнотежата во солзните жлезди да се врати во нормала.

ПОЧЕТОК НА ХИПЕРТЕНЗИЈА

„Отечени“ очи, т.е. кеси под очите, често се појавуваат со покачен артериски притисок. Во раните фази, болеста сè уште може да се контролира со помош на соодветно пропишани лекови. Подоцна ќе биде многу потешко да се направи тоа.

На крајот на краиштата, можете сами да преземете одредени мерки: да пиете помалку течност (максимум еден и пол литар дневно), по можност во мали голтки, на секои 10-15 минути, а последната чаша пијте ја најдоцна до 18 часот. Јадете помалку сол, а важно е и да исфрлите од исхраната зачинети, маринирани и чадени намирници. Консумирајте намирници што содржат многу калиум (авокадо, банана, лубеница, суви кајсии, калинка).

ПРОБЛЕМИ СО СРЦЕТО

Ако не отекуваат само очните капаци, туку и рацете и нозете, ако се појавува отежнато дишење при одење, а усните и врвовите на прстите добиваат синкава нијанса – ова е причина да се консултирате со кардиолог, бидејќи таквите симптоми може да укажуваат на проблеми со срцевиот мускул. Во тој случај, се препорачува да се намали физичкиот напор, да не се носат тешки предмети и да не се практикуваат вежби со тегови.

КОНСТИПАЦИЈА

Вклучете најмалку 600-700 г свеж и варен зеленчук и овошје во вашата исхрана секој ден (доколку не постојат контраиндикации, се разбира). Исто така, јадете шест до седум парчиња сливи, натопени во вода, еднаш или двапати дневно.

БОЛЕСТ НА БУБРЕЗИ

За да се ослободите од отокот на горните очни капаци, понекогаш е доволно да се намали оптоварувањето на бубрезите со пиење помалку течност (најмногу еден литар до еден и пол литар дневно). Но, во секој случај, ако горните очни капаци отекуваат многу во текот на денот – ова е причина да се консултирате со уролог за да се исклучат патолошки состојби на урогениталните органи.

БОЛЕСТ НА ШТИТНАТА ЖЛЕЗДА

Ако отокот околу очите е придружен со бавен пулс, кршливи нокти и опаѓање на косата, а очите изгледаат отечени и истакнати – веднаш посетете ендокринолог: овие симптоми укажуваат на нарушување на функцијата на тироидната жлезда.

 

АЛЕРГИЈА

Земете антихистамин. Ќе помогне и одвар од билки: една кафена лажичка цветови од камилица и жалфија прелијте со шолја врела вода, оставете ја тинктурата да отстои еден час, процедете и мијте ги очите со неа три до четири пати на ден или нанесете облоги врз очните капаци 10-15 минути.

 

КРАСТАВИЦИ ПРОТИВ ПОДУЕНИ ОЧИ: МИТ ИЛИ ВИСТИНА?

Вистината е! Ладните облоги, како и ладната вода го намалуваат отокот. На очите можете да ставите парчиња свежа краставица, кои ги отстрануваат отокот, темните сенки околу очите, ја хидрираат и ја осветлуваат кожата. За уште подобри перформанси, ви препорачуваме прво да ги изладите во фрижидер.

Можете да направите и маска од краставица на која ќе додадете јогурт или гел од алое вера. Покрај тоа што го отстранува отокот, краставицата е одлично решение и за масните очни капаци, бидејќи го регулира производството на себум.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.