Свети Никола никогаш нема да ви ја исполни оваа желба: Немојте денес да се молите за ова!

Обичаи

Денес е Свети Никола, една од најголемите слави кај нас – се верува дека овој светец ќе ви ги исполни сите ваши желби, освен една

Постојат бројни сведоштва како молитвите на Свети Никола им помогнале на луѓето, кога се работи за децата и за нивното здравје, спречување несреќи, привлекување успех…

Сепак, постои една желба за која се верува дека Свети Никола никогаш нема да ви ја исполни, а тоа е желбата за материјално богатство.

Ваквите желби се сметаат за алчни, а исклучок е само кога станува збор за исклучително сиромашни луѓе, кои се молат за малку храна, а не за автомобил, скапи летувања, куќи…

Желбите што почиваат на вистинска добрина и хуманост, а особено желбите посветени на други, се верува дека Свети Никола брзо ги исполнува.

Свети Никола е посна слава и тука нема дилема. Ако го славите Свети Никола како заштитник на домот, задолжително подгответе посна трпеза. Оправдувањата од типот посната храна е поскапа од мрсната се непотребни, бидејќи вистинските верници не ја слават славата поради храната и пијалаците, туку поради свеќата и славското жито.

Покрај леб, свеќи и жито, ништо друго не е задолжително. Вам ви останува дали ќе приготвите скромен ручек или гозба.

На Свети Никола сите мора да им ги простиме гревовите на оние што ни згрешиле.

Во Византија на Свети Никола имало обичај на тој ден да се амнестираат затвореници. Во народот постои верување дека оној што ќе му го опрости долгот некому, следната година ќе му биде богата и плодна.

Постои и верување дека денес не треба никого да го потсетувате на долгот, ниту дополнително да му ја отежнувате положбата, поради тоа што е должник.

Со оглед на тоа што Свети Никола е познат и како заштитник на децата, уште одамна постоел обичај на денот на овој светец да се даруваат децата со ореви, јаболка и слатки.

Во текот на ноќта, додека децата спијат, Свети Никола им оставал подароци во чевлите или покрај прозорецот. Децата специјално за тој ден ги чистеле чевлите и ги ставале близу креветот за наутро да ги најдат полни со изненадувања.

Посен славски леб за Свети Никола: Најубавата и најмеката погача!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.