Посен славски леб за Свети Никола: Најубавата и најмеката погача!

Неверојатно вкусна!

Главната ѕвезда на секоја славска трпеза

Состојки:
  • 500 мл млака вода
  • 750 г брашно
  • 30 г свеж квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 лажица посен маргарин
  • малку сол
Приготвување:

Во малку млака вода растопете го квасецот, додајте шеќер, остатокот од водата и брашно и сол, па замесете средно тврдо тесто. Оставете го да нарасне.

Тестото расукајте го во правоаголник, па премачкајте го со малку посен маргарин.

Обликувајте го по желба, по желба посипете го со малку сусам и ставете го во плех за печење. Покријте го за повторно да нарасне, па премачкајте го со масло и печете на 200 степени, 40 до 50 минути.

Еве како да приготвите мека погача без маргарин: Здрава и вкусна!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.