Сите несреќни луѓе на овој свет имаат една заедничка особина: Тркалото на среќата може да се сврти!

Прочитајте внимателно

Најголема грешка е да мислите дека несреќата е последица на некои надворешни случувања

Едно од најчестите погрешни уверувања е дека среќата е резултат на личниот труд и перспектива, а несреќата исклучиво е заслуга на надворешни фактори, односно дека се случува независно од нашата волја.

Како по правило, веруваме дека мораме да се потрудиме за својата среќа (да организираме убави активности што не’ прават среќни, да бараме сродна душа…), а во сето тоа ретко кога забележуваме дена најчестата причина за нашата несреќа не е поврзана со случувањата околу нас.

Несреќата е резултат на комбинацијата од нашите дела, квалитети, начинот на размислување и способноста за адаптација. Но ние мислиме дека е последица на некои надворешни случувања и се плашиме дека ќе изгубиме контрола над ситуацијата.

Сепак, реалноста најчесто е сосема поинаква. Некои луѓе се среќни дури и кога немаат посебна причина за тоа, други се чувствуваат длабоко несреќни, иако имаат речиси се’ на светот.

Не треба да се чувствувате неубаво, несигурно, ниту да претпоставувате дека не сте заслужиле среќа. Суштината не е во нашето опкружување, туку во нас самите.

Тоа го докажува и фактот што речиси сите несреќни луѓе имаат една заедничка особина.

Во детството, ако сме имале среќа, родителите ни обезбедиле се’ што ни било потребно. Со текот на времето тие не’ учат да бидеме независни за да можеме да се грижиме самите за себе. Почнуваме да создаваме свои врски, одлучуваме дали ќе се занимаваме со спорт и со кој, одлучуваме како ќе се однесуваме и самите почнуваме да ги сносуваме последиците за одлуките што сме ги донеле.

Ако детето никогаш немало можност да биде независно, тоа ќе порасне во незрела личност. Тоа е типичен резултат на нездрава поврзаност со родителите и грешка на самите родители, кои најверојатни ги проектирале сопствените чувства на детето.

Кога ќе станат возрасни, тие деца стануваат несреќни. Таа нивна незрелост станува основа на секоја навика и на секој нивен начин на однесување, кои на крајот ги доведуваат до незадоволство од сопствениот живот.

Ако личноста не умее да преземе одговорност за своите зборови и дела, станува закана за сите свои врски и односи и им нанесува болка на другите. Тоа е чиста незрелост.

Доколку не се грижиме за своите тело и дом, бидејќи не сакаме да миеме садови или да се храниме здраво, на секое од тие полиња предизвикуваме проблеми. Тоа е уште една манифестација на незрелост.

Ако некој не’ разочара, отфрлањето го проектираме на него и станува сурови. Пасивно агресивните изјави и однесување само не’ туркаат во агол и прават да изгледаме уште поранливо одошто сме. И тоа е незрелост.

Кога сме незадоволно од патот по кој тргнал нашиот живот, но наместо да направиме нешто одбираме да се жалиме како беспомошно дете, и понатаму ќе бидеме несреќни. Тоа е одлика на незрелост.

Ако растеме полека созревајќи, стануваме одговорни за своите постапки и одлуки, и резултатите се видливи. За својата работа, својот дом. Целите се постигнуваат, и долгорочните и краткорочните. Се формира здраво семејство, се раѓаат и воспитуваат зрели деца.

Со текот на времето сфаќаме дека тоа е еден од најголемите извори на среќа – апсолутен мир што го имаме кога ќе се вратиме во својот дом, местото што го сакаме и каде што не’ сакаат. Покажуваме желба за контакти, ги береме плодовите од нашиот труд и уживаме во нив.

Зрелоста ни овозможува да се концентрираме на големи планови, без да се фокусираме на ситните и минливи желби. А незрелоста не’ прави неспособни за сето ова.

Па така, најголемата причина зошто луѓето се несреќни лежи во недостигот на желба да преземат одговорност за тоа и да почнат да прават нешто за да успеат да го свртат тркалото на среќата.

Прочитајте ги и овие 7 начини да станете ментално силни.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.